Лос Анџелес клиперс преку клупско соопштение им ја пренесе на своите фанови лошата вест – дека оваа екипа до крајот на плејофот нема да може да смета на услугите на двете најголеми ѕвезди, Блејк Грифин и Крис Пол.
– Грифин ја обнови старата повреда на мускулот и го очекува долга пауза, за него сезонава е завршена. Што се однесува до Крис Пол, тој ќе мора да оди на операција по повредата на зглобот – објави раководството на клиперси.
За очекување е паузата на одличниот плејмејкер да изнесува најмалку еден месец, што ќе значи дека Пол сигурно нема да му биде на располагање на тренерот Док Риверс до крајот на сезонава.
ЛА клиперс има израмнети 2-2 во плејоф серијата со Портланд, а доколку ја минат оваа пречка избраниците на Риверс ќе се сретнат со шампионот Голден стејт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.