Во едицијата Современа македонска проза на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат првиот роман на универзитетскиот професор Димитар Пандев, автор на бројни научни трудови од областа на македонистиката и литературната критика. „Потполковникот“ е повест составена од пролог и епилог на едно поранешно, но не така одамна минато време. Како засебна целина, оваа повест се вклопува во раскажувачката целина со триптихонот „Излегување од приказните“, „Приказни од поранешните“ и „Пропатување низ приказните“, но и отвора можност за многу други приказни.
Во препораката на ова дело, поетот Славе Ѓорго Димовски констатира дека „Потполковникот“ е топло раскажана приказна, која читателот го враќа во седумдесеттите години на минатиот век, во време на безгрижност, созревања и големи очекувања, а сето тоа видено, сфатено и прераскажано преку приказните на еден гимназијалец. Ова, можеби е прв роман во македонската литература со тема од средношколскиот живот, констатира Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.