| четврток, 6 декември 2018 |

„Moјата генерација само постои, воопшто не придонесува за општеството“

Младата новинарка лАлексис Блумер ѝ одржа сериозна лекција на својата генерација во две минутно видео објавено на нејзиниот Фејсбук профил. Нејзиното видео има скоро милион споделувања и е прегледано преку 37 милиони пати.

Алексис со новинарство започнала да се занимава додека била тинејџерка, а добила и голем број награди и стипендии, и работела во неколку тв станици, па не е чудно што е толку млада, а успешна. Таа спаѓа во Y генерацијата или „миленијалци“ (луѓе родени помеѓу 1980 и почетокот на 2000 година) и таа ѝ одржува лекција на нејзината генерација.

Голем број луѓе се најдоа навредени, но бројот на споделувања зборува за тоа како е прифатен нејзиниот говор. Нејзините зборови ги пренесуваме во скратена форма, а целиот говор можете да го погледнете на видеото.

„Ако на вашите профили на социјалните мрежи, како мене, меѓу пријателите имате некои од постари од 40 години, тогаш сигурно сте забележале дека повремено пишуаат како нашата генерација не е во ред. Како член на оваа генерација одлучив да открија што всушност не е во ред со оваа генерација и зошто се толку лути на нас.

Тогаш сфатив дека ние помалку или повеќе само постоиме и на никој начин не придонесуваме во општеството.

Нашата генерација не ги познава основите на пристојно однесување кои вклучуваат „не госпоѓо“ и „да, госпоѓо“. Не само што не им отвораме врата на жените, туку и не им помагаме и на постарите луѓе. Слушаме навистина непристојна музика која ги понижува жените и воглавно ја слави дрогата и криминалот. Користиме навредливи термини за луѓето кои ги сакаме, луѓе како Ким Кардашијан се нашите идоли, а навредуваме луѓе како Тим Тибоу.

Мрзеливи сме, наметливи, сакаме да заработиме многу пари и да имаме бесплатно образование, но не сме подготвени да вложиме труд. Повеќе време поминуваме на интернет создавајќи пријатели, а помалку на градење вистински односи и врски.

Нашата идеја за преземање на нешто или изразување на став значи да се отвори Фејсбук и да се напише статус за тоа, а со тоа веруваме дека се определува бројот на пријатели или фанови. Не ги почитуваме постарите, и не ја почитуваме нашата земја.

За нашата генерација ништо нема вредност бидејќи искористуваме апсолутно сe`. Имаме толку многу можности за успех од генерациите пред нас, а воопшто не ги цениме можностите кои ги имаме денес. Сакам да покажам дека моите родители подобро ме воспитаа“.

На крајот, таа им се извинува на постарите и им се заблагодарува за нивната трпеливост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top