| четврток, 6 декември 2018 |

На „Етихад“ без голови, Реал Мадрид поблиску до финалето

mancester siti

Манчестер Сити и Реал Мадрид одиграа без голови во првиот полуфинален натпревар во рамките од Лигата на шампионите што се играше вечерва на „Етихад“.
Двата тима настапија ослабени без првите виолини Јаја Туре и Кристијано Роналдо. Иако се работи за полуфинале и за екипи кои се меѓу четирите најдобри во Европа овој меч не ги покажа сите квалитети што несомнено ги поседуваат двата тима.

Сепак поблиску до победата беа „кралевите“ кои го диктираа темпото особено во второто полувреме кога создадоа неколку стопроцентни шанси пред голот на Џо Харт, но англискиот репрезентативен голман успеа да ги спаси „граѓаните“ од сигурен пораз.

Во последните 15 минути од мечот најпрвин Хесе се обиде со глава, но неговиот удар заврши во гредата. По само две минути Каземиро се обиде но Харт одбрани и по само неколку минути Пепе во најубавата шанса за Реал на овој меч од непосредна близина шутираше само во голманот Харт.

Со оглед на случувањата на теренот, слободно може да се каже дека Реал е многу поблизу до пласман во големото финале, уште повеќе ако се земе во предвид дека Кристијано Роналдо речиси сигурно ќе биде во тимот што за осум дена ќе истрча на „Сантијаго Бернабеу“.

Во второто полуфинале утре на „Висенте Калдерон“ во Мадрид се среќаваат Атлетико Мадрид и Баерн Минхен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top