Калед Ал Сакаби, семеен советник од Саудиска Арабија, објавил видео на кое што објаснува како треба да се решваат проблемите со „непослушните жени“, односно нуди упатства за нивно физичко дисциплинирање.
Ал Сакаби во видеото апелира, најпрвин мажите да се обидат проблемот да го решат со разговор. Доколку тоа не вроди со плод, тој ги советува да се „одречат од жената во креветот“, а дури и ако тоа не даде никаков позитивен резултат, според него, сосема е нормално мажот физички да ја дисциплинира жената.
– Многу жени сакаат да го живеат својот живот на нивото на нивните мажи. Првиот чекор е да ја потсетите жената на нејзината должност кон Алах. Втората е, одречување од брачните должности во креветот. Третиот чекор е тепањето, но сакам да кажам дека безбедно ќе го преминеме овој мост“, вели саудискиот семеен советник Калед Ал Сакаби, а потоа издава подетални упатства.
„Целта е да ја дисциплинирате жената, а не да го „истурате“ бесот. Не би требало да ја тепате жената со своите раце, стап или остар предмет. Се препорачува да ја тепате со гранче или со платнена марама“, вели тој кој додава дека најпосле жената ќе сфати дека му згрешила на својот маж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)