| четврток, 6 декември 2018 |

Опасност од терористички напад на „Евровизија“

Постои можност да биде извршен терористички напад за време на одржувањето на изборот за Песна на Евровизија во Стокхолм, шведската полиција денеска ги предупреди организаторите на фестивалот.

Безбедносната служба СЕПО ги разгледува добиените информации од ирачките колеги, според кои седум-осум терористи од групата Исламска држава заинале кон Шведска со намера да извршат терористички напад во Стокхолм врз цивилни цели.

– Информацијата која ја доби СЕПО им ја пренесовме на организаторите на Евровизија-2016. Ние не сме загрижени. За секоја ваква најава имаме подготвено план, според кој се придржуваме. Располагаме со доволно полициски сили за обезбедување и мирно одржување на манифестацијата, изјави претставникот на стокхолмската полиција Чел Линдгрен.

Шведска е домаќин на годинешниот избор за Песна на Евровизија. Полуфиналните вечери ќе се одржат на 10 и 12 мај, а финалето на 14 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top