Отворен е конкурсот за семинаристи за единаесттата сезона на „Фотософија“, бесплатниот седмодневен семинар за напредна фотографија под водство на Дамир Хојка…
И оваа година петнаесетина одбрани ќе добијат можност за надградба на фотознаењата, креативноста и искуства како и за промоција на својата работа и поврзување со оние кои можат да им бидат од корист во работата со фотографијата.
„Зад нас е десет години и 150 семинаристи од сите држави на регионот. Бидејќи многу семинаристи се поврзаа со претходните генерации и останаа во контакт, често ми се чини како наместо десет да сме имале еден мега семинар“, вели Хојка и додава „Називот Фотософија отсекогаш ме асоцираше на девојка, па ме радува што во најавните фотографии на Фотософија 11 конечно и оживеа таа девојка. Ви ја претставувам „ Fotosofia GIrl“ – суперхероина која ја визуализира идејата Фотософија како крстосница на фотографијата, креативноста, забавата, акцијата, фантазијата, напнатоста, футуризмот, светлото…
Амбасадата на Кралството Шпанија во Република Хрватска, на единаесеттото издание на Фотософија го донесува Хавиер Салас, познатиот шпански селебрити и моден фотограф, кој покрај приказот на своите дела ќе одржи и предавање „Портрет како зближување со познатите личности“.
Влезот на предавањето кое е планирано за 17.06.2016, ќе биде слободен, а заинтересираните можат да се пријават како Хавиер би им го прокоментирал нивното портфолио.
Конкурсот е отворен до 11 мај, а семинарот ќе се одржи од 12 до 19 јуни во комплексот на бањата Терме Тухељ.
Податоци за конкурсот можете да прочитате на www.fotosofia.info
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брачен пар објавил фотографија од венчавката: Кога виделе што има на неа не можеле да си дојдат при себе
-
Им било судено: Маж нашол фотографија од сопругата сликана 11 години пред да се венчаат, се шокирал кога видел што има на неа
-
Подгорица имала клима уреди во 1939?
-
Во „Јавна соба“ ќе се одржи курс за дизајн на амбалажа на производ и промоција