Австралискиот национален архив за филм и звук објави досега неприкажана црно-бела снимка во траење од 49 секунди која ги прикажува четворицата члена на славните „Битлси“ како се забавуваат пред камерите пред настап.
Снимката е од први ноември 1965 година и припаѓа на австралиската танчерка и шминкерка Даун Свејн која работела во „Гранада ТВ“ во Манчестер во тоа време.
– Бевме во собата за шминкање и пиевме шампањско. Некој ми ја зема камерата, не знам дали тоа беше Џон Ленон или Ринго Стар. Почнаа да се глупираат. Но, мислам дека тоа беше симпатично, навистина беа фини луѓе – вели Свејн која денеска има 83 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)