
Измамник од Тетово преку социјалната мрежа „Фејсбук“ нашол две жени на кои им ветил работа во Германија. Откако им ги зел парите, го избришал својот профил.
СВР Тетово поднесе кривична пријава за Џ.З.(39) од Тетово за две кривични дела измама.
Во текот на јануари 2013 година, откако пријавениот преку социјалната мрежа „Фејсбук“, стапил во контакт со Ќ.Р.(20) од село Студеничани, Скопско и со М.З.(30) од село Желино, со лажно прикажување им ветил дека ќе им обезбеди работа во Германија, по што се сретнал со истите и побарал да му дадат 120, односно 180 евра наводно за да ги даде на лице, вработено во Амбасадата на Германија во Скопје, за да им обезбеди работни визи. По ова, лицата не успеале да стапат во контакт со пријавениот и случаите ги пријавиле во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


