| четврток, 6 декември 2018 |

Како да се ослободите од забоболка за една минута?

Генетиката игра огромна улога во тоа дали во текот на животот ќе имате здрави заби, но најважно од се е оралната хигиена! Поради тоа, многу е важно редовно да се оди на стоматолог и проблемите со кариесот да се решаваат навремено.

Сепак, доколку дојде до ситуација кога во моментот не може да посетите стоматолог, има природни рецепти со кои можете да ја ублажите болката, па дури таа и целосно да исчезне.

Потребни состојки:

Каранфилче

Масло од кокос

Подготовка:

Каранфилчето треба да биде сомелено и да се соедини со кокосовото масло. Добиената тинктура се нанесува на забот кој ве боли 3 пати на еден, по една минута. Болката чудесно ќе се повлекува!

Каранфилчето содржи аналгетички, антиспазматични и антибактериски својства, додека маслото од кокос содржи исто така силни антибактериски својства кои придонесуваат за дезинфекција на усната пранина и забите.

Па затоа, редовното консумирање на масло од кокос, може да придонесе за намалување на ризикот од кариес.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top