| четврток, 6 декември 2018 |

Основците имаат многу расипани заби – кариес имаат 18 илјади ученици

Последните систематски прегледи покажуваат дека учениците во основните училишта имаат многу расипани заби, а кариес имаат околу 18.000 ученици.

13.065 деца не водат грижа за своето орално здравје, а половината имале криви заби. Малку подобра е состојбата кај средношколците. Кариес имале околу 4.700 ученици во средно, а ортодонтски аномалии биле регистрирани кај 1.800 од нив.

Од друга страна училишните стоматолози тврдат дека состојбата со забите кај децата значително е подобрена по носењето на националната стратегија за превенција на оралното здравје.

-Оралното здравје е многу подобрено кај децата бидејќи ние ги учиме нив дека треба да си ги мијат забите, им делиме четкички со пасти, значи многу е подобрено во тој однос и ние ги контролираме кога доаѓаат кај нас кога им ги залеваме забите и контролираме дали имаат карие или не – вели д-р Кирјакица Бакалчева Николова, стоматолог во Здравствен дом Скопје.

Задолжителните систематски прегледи покажаа алармантни резултати за здравјето на децата. Секој втор ученик има рамно стапало, а секое трето дете има искривен ‘рбет или проблеми со видот. Како најголем проблем за ваквата состојба лекарите ја пoсочуваат недоволната физичка активност и честото седење пред компјутер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top