Какви сè не трикови употребуваме за да се ослободиме од крлежите. Некои го мачкаат нападнатото место со сончогледово масло, некој трие сапун, а некој го извлекува со помош на пинцета.
Има еден лесен и ефикасен начин за отстранување на крлежите. На местото каде што се има закачено крлежот треба да се попрска со сол и одозгора да се стави памук натопен во вода. За 20-30 минути, а можеби и порано крлежот сам ќе излезе на површината од телото.
Потоа крлежот треба да го ставите во некоја кутија и да го однесете во лабораторија за да се утврди дали е носител на полиомијелитис или енцефалит (според статистиката на секои 10 крлежи 1 може да биде заразен),но сепак најдобро е да побарате медицинска помош и стурчно лице да го отстрани.
Доколку пред излегувањето во природа при рака немате средство против крлежи и комарци, можете сами да го приготвите.
-во 200 мл зовриена вода ставете 25 гр каранфилче и да проврие 15 минути, оладете и додајте 2 супени лажици алкохол.
Пред излегување намачкајте се со растворот и испрскајте го вашиот домашен миленик доколку го имате.
Доколку немате време за подготовка на овој раствор, можете да користите и готово масло од каранфилче, разредено со вода –неколку капки на еден литар вода. Мирисот на каранфилчето не го поднесуваат ниту комарците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.