| четврток, 6 декември 2018 |

Од стан во Чаир украдени 20.000 евра

kradec

Баба од Чаир пријавила дека некој ѝ го ограбил станот и ѝ украл пари и злато, вредни околу 20.000 евра.

Според полициската станица во Чаир, пред една недела  Н.Х. (76) пријавила дека истиот ден во времето од 13.30 до 14 часот на улицата Боро Менков непознат сторител со употреба на погоден предмет влегол во нејзиниот стан и извршил тешка кражба, од каде што одзел златен накит и 11.000 евра, стекнувајќи се со вкупна противправна имотна корист од околу 1.200.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top