Барселона се мобилизира, а во клубот веруваат во чудо и елиминација на Баерн иако Баварците на „Камп ноу“ доаѓаат со огромна предност од 4-0. Дани Алвеш е најголем оптимисти, а ги повтори зборовите на легендарниот Хуанито. Напаѓачот на Реал Мадрид по поразот од Инер со 1-3 изјави дека 90 минути на „Сантјаго Бернабеу“ е долг период. Сега слично мисли и Алвеш иако разликата од тој меч и сегашниот на Барса против Баерн е голема и речиси недостижна.
– Мораме да корегираме многу работи, но има да се одиграат уште 90 минути. Тоа е доволно време во фудбалот. Титулата во Шпанија не може да ни побегне, па ни останува да се сконцентрираме на најважните час и половина сезонава, во реваншот со Баерн. Јас би рекол нека минат и тие 90 минути, па потоа нека се анализира. Верувам дека имаме шанси за подвиг – рече Алвеш
Бразилецот одигра слабо во Минхен, како и целата екипа на Барселона, но Каталонците сезонава направија сличен подвиг по негативата од 0-2 против Милан. И тогаш беа отпишани, а минаа понатаму со победа од 4-0 во реваншот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос на трибините во Атина, Тадиќ го однесе Ајакс во осминафиналето (Видео)
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја


