На официјална веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК) објавен е образец, на кој заинтересираните граѓани ќе собираат потписи за кандидати за пратеници за предвремените избори. Рокот за собирање потписи пред ДИК, односно во подрачните одделенија, како и во дипломатско-конзуларните претставништва е од денеска до 9 мај годинава.
Од ДИК информираат дека според член 61, став 1 од Изборниот законик, „кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица“.
– Став 2 од член 61 од Изборниот законик го пропишува собирањето потписи за кандидати за пратеници во дијаспората и тој гласи: „Кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи од изборните единици за гласање во странство, потребно е да се соберат најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за тие изборни единици пред службените лица на дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП), односно конзуларните канцеларии на образец, потпишан од Државната изборна комисија“, информираат од Комисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот