| четврток, 6 декември 2018 |

Јуве веќе слави, Рома го победи Наполи, битката за второто место се разгорува (видео)

juve-celeb-2016

Денес на „Олимпико“ се одигра дербито на 35. коло во Серија А, во кое Рома го совлада Наполи со 1-0 и стави крај на сите дилеми околу титулата.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат на самиот крај, во 90. минута Раџа Наинголан беше прецизен од аголот на шестнаесетникот.

Оваа победа на Рома дефинитивно ги разрешува сите дилеми околу шампионот на Италија, Јувентус го освојува петтото „скудето“ по ред, откако со овој пораз второпласираниот Наполи заостанува 12 бода на три кола до крајот.

Исто така, со оваа победа Рома му се приближи на Наполи на само -2 бода, па битката за второто место, кое директно води во ЛШ, се уште не е завршена.

Табела:
1. Јувентус 85 бода
2. Наполи 73
3. Рома 71
4. Интер 64
5. Фиорентина 59
6. Милан 56

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top