| четврток, 6 декември 2018 |

ПССЕ предизборно во Македонија: Со избори ќе се стави крај на кризата

На 26 и 27 април во предизборна мисија во земјава ќе престојува делегација на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предводена од Стефан Шенах (социјалист од Австрија).

Целта на посетта е да се направи проценка на предизборната кампања и политичката клима за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни и воопшто за политичката криза во земјата.

psse-poseta

Еден од членовите на седумчлената делегација, Валериу Гилечи пратеник од Молдавија од редовите на Народните партии, кој истовремено е и еден од известувачите во мониторинг комисијата на ПССЕ за идната посета на Македонија вели:

– Од името на Советот на Европа во Македонија ќе дојде мисија, посветена на подготовките на изборите, односно предизборна мисија. Ова со цел да даде оценка, колку властите и институциите одговорни за организирање на изборите се подготвени за да на 5 јуни ги спроведат закажаните парламентарни избори“.

Покрај Шенах од редовите на социјалистите и Гилeчи во делегацијата се наоѓаат уште пет други пратеници од сите политички групи на ПССЕ. Тие ќе имаат средби со претседатеот на Собранието и министерот за внатрешни работи на Република Македонија.

ПССЕ веќе имаше своја делегација во Македонија во рамките на пост-мониторинг дијлагот на Република Македонија со ПССЕ, од 15 до 18 февруари годинава.

– За време на нашата последна посета ние се погриживме да се сретнеме со сите политички актери за да тие изнајдат заедничко разбирање и согласност за да се одржат закажаните избори. Како што знаете, откако ние се вративме од посетата, беше одлучено да се откажат истите избори. Ние во таа прилика изразивме надеж дека за време на овај период сите овие проблеми ќе бидат решени“- вели известувачот за Македонија.

Гилечи, со оглед на неговата задача во ПССЕ, будно следи што се случува во нашата земја.

– Исто така знам дека по распуштањето на Парламентот се појави затегната ситуација. Знаете ние сме загрижени поради тоа што се случува во Македонија и изразуваме надеж дека политичките актери ќе го најдат неопходното решение за излез од кризата.“

Претставникот на ПССЕ, како и во сите досегашни реакции на паневропската асамблеа нагласува: „Ние сметаме дека изборите треба да се одржат. Нема друг пат да и се стави крај на кризата, освен со избори.“

Делегацијата на ПССЕ, за време на престојот во Македонија има предвидено и средби со претставниците на политичките партии кои учествуваат во изборите, претседателот и членовите на ДИК, Јавниот обвинител, како и со членовите на дипломасткиот кор и претставниците на меѓународните организации, граѓанското општество и медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top