| четврток, 6 декември 2018 |

Драмата во домот на убиената Јелена се уште трае, семејството во исчекување

зоран

Драмата во домот на убиената пејачка Јелена Марјановиќ се уште трае. Сите се во исчекување на фаќање на убиецот. Дури и српскиот премиер Александар Вучиќ, побара името на убиецот да биде објавено денеска после изборите, но се се заврши на тоа. Во истрагата постојано се појавуваат нови траги, кои ја одвлекуваат истрагата на друга страна, но до убиецот никако да се дојде.

Братот на Зоран, за кој исто така се пишуваше дека е осомничен и во последно време не се појавуваше, денеска излегол од домот на Марјановиќ во Борча и тргнал во непознат правец. Репортерите на Телеграф го прашале за изјава, но тој само рекол „Немојте ништо, ве молам“, одмавнувајќи со раката.

После неговото заминување во семејната куќа дошла мајката на убиената Јелена, Зорица, за да ја види внуката Јана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top