| четврток, 6 декември 2018 |

Нов ехо кардиограф, биохемиски анализатор и пет апарати во делот на физикалната терапија во Поликлиника Чаир

– Оваа поликлиника покрива 120.000 жители и со набавката на овие нови апарати се овозможува жителите од овој дел на градот да ги добиваат услугите многу поблиску до нивното место на живеење и да има што е можно помалку препраќања од Чаир во Градската општа болница или на клиниките. Со воведувањето на ехо кардиографијата токму тоа се прави – се растеретуваат Клиниката за кардиологија во Скопје и Градската општа болница „8 Септември“ - потенцира Тодоров

Нов ехо кардиограф, биохемиски анализатор и пет апарати во делот на физикалната терапија се ставени во употреба во Поликлиниката Чаир во Скопје.

Во работна посета на Поликлиниката денеска беше министерот за здравство Никола Тодоров, кој изјави дека има голем интерес за користење на петте нови апарати во делот на физикална терапија, а со новиот биохемиски анализатор двојно се зголемила можноста или капацитетот на давање лабораториски услуги, како и видот на услуги кои се даваат во Поликлиниката.

Посочи дека новото ехо има и кардиолошка и абдоменална сонда со што за првпат се воведува оваа дијагностика во Поликлиниката во Чаир.

– Оваа поликлиника покрива 120.000 жители и со набавката на овие нови апарати се овозможува жителите од овој дел на градот да ги добиваат услугите многу поблиску до нивното место на живеење и да има што е можно помалку препраќања од Чаир во Градската општа болница или на клиниките. Со воведувањето на ехо кардиографијата токму тоа се прави – се растеретуваат Клиниката за кардиологија во Скопје и Градската општа болница „8 Септември“ – потенцира Тодоров.

Појасни дека досега се направени 300 вакви прегледи, што значи, како што рече, во овој сегмент одлично функционира апаратот кој е набавен и е ставен во функција.

Оваа поликлиника, нагласи министерот, има 11 специјалисти од нив тројца ги преземавме од приватно во јавно здравство и тоа дерматовенеролог, интернист и специјалист по физикална терапија. Појасни дека две медицински сестри се преземени од приватно во јавно здравство.

– Тоа се оние сестри кои останаа без работа како резултат на затворањето на приватните здравствени установи каде што работеле односно матичните доктори, имајќи предвид дека работеле во јавно здравство, заминале во приватна здравствена установа заедно со матичниот лекар и од различни причини се затвора установата (одење во пензија, смрт итн.) и тие останале без работа. Со Закон овозможивме нивно враќање во јавното здравство и веќе две сестри се вратија во Поликлиниката во Чаир, рече Тодоров.

Додаде дека на тој начин се заокружува целиот овој процес со тоа што се инвестира во опрема и кадар со што се овозможува поголем број услуги да се даваат и се зајакнува и кадровскиот потенцијал на оваа Поликлиника.

Директорката на Здравствен дом Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ рече дека во 2015 година ја завршиле со 51.200 услуги од специјалистичко ниво, а за само првиот квартал од годинава со новата дијагностика која е воведена и кадровското зајакнување имаат 17.900 услуги.

Посочи дека очекуваат годинава да ја завршат со најмалку 20.000 здравствени услуги.

Во делот на лабораторијата која има нов апарат од централната набавка на Министерството за здравство, истакна, имаме 15 проценти повеќе лабораториски услуги, а сето тоа ни помага да дадеме комплетна здравствена услуга на корисникот посебно за дијабетичарите бидејќи од февруари почна со работа и Центарот за дијабетес.

– Два пати неделно докторот има термин за дијабетичари каде ги води преку овој Центар со лабораториска анализа. Досега околу 280 пациенти се прегледани. Целта е доближување на овие услуги, комплетна обработка, бидејќи во 2015 година имаме високи 94 проценти на комплетно обработени пациенти на секундарно ниво во Здравствен дом Скопје, додаде Баевска Вучковиќ.

Во работна посета на Поликлиниката денеска беше министерот за здравство Никола Тодоров, кој изјави дека има голем интерес за користење на петте нови апарати во делот на физикална терапија, а со новиот биохемиски анализатор двојно се зголемила можноста или капацитетот на давање лабораториски услуги, како и видот на услуги кои се даваат во Поликлиниката.

Посочи дека новото ехо има и кардиолошка и абдоменална сонда со што за првпат се воведува оваа дијагностика во Поликлиниката во Чаир.

– Оваа поликлиника покрива 120.000 жители и со набавката на овие нови апарати се овозможува жителите од овој дел на градот да ги добиваат услугите многу поблиску до нивното место на живеење и да има што е можно помалку препраќања од Чаир во Градската општа болница или на клиниките. Со воведувањето на ехо кардиографијата токму тоа се прави – се растеретуваат Клиниката за кардиологија во Скопје и Градската општа болница „8 Септември“, потенцира Тодоров.

Појасни дека досега се направени 300 вакви прегледи, што значи, како што рече, во овој сегмент одлично функционира апаратот кој е набавен и е ставен во функција.

Оваа поликлиника, нагласи министерот, има 11 специјалисти од нив тројца ги преземавме од приватно во јавно здравство и тоа дерматовенеролог, интернист и специјалист по физикална терапија. Појасни дека две медицински сестри се преземени од приватно во јавно здравство.

– Тоа се оние сестри кои останаа без работа како резултат на затворањето на приватните здравствени установи каде што работеле односно матичните доктори, имајќи предвид дека работеле во јавно здравство, заминале во приватна здравствена установа заедно со матичниот лекар и од различни причини се затвора установата (одење во пензија, смрт итн.) и тие останале без работа. Со Закон овозможивме нивно враќање во јавното здравство и веќе две сестри се вратија во Поликлиниката во Чаир, рече Тодоров.

Додаде дека на тој начин се заокружува целиот овој процес со тоа што се инвестира во опрема и кадар со што се овозможува поголем број услуги да се даваат и се зајакнува и кадровскиот потенцијал на оваа Поликлиника.

Директорката на Здравствен дом Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ рече дека во 2015 година ја завршиле со 51.200 услуги од специјалистичко ниво, а за само првиот квартал од годинава со новата дијагностика која е воведена и кадровското зајакнување имаат 17.900 услуги.

Посочи дека очекуваат годинава да ја завршат со најмалку 20.000 здравствени услуги.

Во делот на лабораторијата која има нов апарат од централната набавка на Министерството за здравство, истакна, имаме 15 проценти повеќе лабораториски услуги, а сето тоа ни помага да дадеме комплетна здравствена услуга на корисникот посебно за дијабетичарите бидејќи од февруари почна со работа и Центарот за дијабетес.

– Два пати неделно докторот има термин за дијабетичари каде ги води преку овој Центар со лабораториска анализа. Досега околу 280 пациенти се прегледани. Целта е доближување на овие услуги, комплетна обработка, бидејќи во 2015 година имаме високи 94 проценти на комплетно обработени пациенти на секундарно ниво во Здравствен дом Скопје, додаде Баевска Вучковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top