Како што пренесуваат регионалните медиуми, српската полиција се уште трага по еден сведок за да конечно ги спои сите коцки и го разреши бруталното убиство на пејачката Јелена Марјановиќ.

Имено, станува збор за млад маж кој на рацете има тетоважи. Него неколку луѓе го виделе како на денот на убиството шета на насипот како да бара некого.
Покрај новиот сведок, полицијата вчера дојде до уште еден интригантен факт во врска со убиството.
-Сведоците виделе една жена со дете на насипот, која исто така има врзана коса во опавче. Полицијата сега го истражува фактот дали некој можеби некој сакал на неа да и наштети па ја помешал со пејачката – истакнала извор близок до истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


