| четврток, 6 декември 2018 |

Шарен луксуз: Шест дена работат револуција, седмиот трошат на мориња и на крстосувања(ФОТО)

revolucija-i-luksuz

Учесниците на насилните протести во Скопје, кои се поттикнати и поддржани од СДСМ, во работните денови креваат “револуција“, а за викенд заминуваат на луксузни патувања.
Оние кои се најгласни за време на протестите во кои се уништуваат симболи на македонската историја и се удира по полицајци, се шетаат во странство, на скапи дестинации каде трошат многу пари. За иронијата да биде поголема, на протести тие зборуваат и за сиромаштија меѓу граѓаните.

Но, далеку од градот кој полека го уништуваат, овие познати лица, блиски до раководството на СДСМ, евидентно е дека уживаат во градови во други земји.

Тие кои креваат “револуција“ против, како што велат, “режимот“, во државава очигледно заработуваат огромни суми на пари со кои можат да си дозволат луксузни патувања.

canevska-istambul
Катерина Цаневска беше новинарка во А1 телевизија, а во моментов работи во кабинетот на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. За време на пауза од протестите таа се прошета низ прекрасната Турција.

kekenovski-pat

Каролина Ристова-Астеруд, долгогодишен функционер на СДСМ, се одмара во Австрија. Додека партиските поддржувачи дивеат низ Скопје, таа одмарала и е во термална бања во Будимпешта, Унгарија.

asterud-patuvanje
Јове Кекеновски од ФРОДЕМ ги поддржува насилните протести во Скопје, но додека ужива во прекрасна глетка, како што вели „На убавиот и зелен Дрим“.

borjan-protest-pat
Борјан Јовановски, новинарот близок до СДСМ и главен критичар на власта и на условите за живеење во Македонија, протестира уживајќи во Брисел.

pat-protest-ruzin

И младите поддржувачи на СДСМ, кои заедно со останатите хулигани прават нереди во македонската метропола, уживаат трошејќи голема сума на пари на пауза од правењето “револуција“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top