| четврток, 6 декември 2018 |

ЛА Лејкерс му врачија отказ на тренерот Бајрон Скот

bajron skot

Бајрон Скот во следната сезона нема да биде на чело на Лос Анџелес лејкерс откако раководството на „езерџиите“ донесе одлука да се раздели од овој стратег, кој како играч со лејкерси освои три титули, но беше предалеку од повторување на ваков успех како кормилар на лејкерси. Скот го водеше тимот во двете најслаби сезони во клупската историја, остварувајќи очаен скор од 38 победи и 126 порази, а во ситуација кога треба целосно да се сврти нов лист по пензионирањето на Коби Брајант, челниците на клубот се решија да побараат нов шеф на стручниот штаб.

– Ова е моја работа од соништата и секако дека би сакал да имам можност да ги променам работите на подобро. Сепак, го разбирам начинот на функционирање, се бројат победите и поразите, а тие бројки дефинитивно не ми се наклонети – изјави Скот.

Останува да се види кој ќе биде изборот на лејкерси за нов тренер ако се знае дека двајцата главни кандидати, Том Тибодо и Скот Брукс, во изминатите десетина дена си најдоа ангажмани, Тибодо се пресели во Минесота, додека Брукс стана прв тренер во Вашингтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top