Вкупно четири лица се повикани на разговор во полициска станица во врска со инцидентите на протестите организирани од СДСМ и од Сорос. Како што дознава „Прес 24“ од официјални полициски извори, за настанот од 13.4.2016 година, поради оштетување на канцеларијата на претседателот и на Министерството за правда. Според информациите станува збор за лицата З.С. (40) и В.К. (39). По разговорот со нив ќе биде поднесено известување до Основното јавно обвинителство како дополнување на кривичната пријава.
Медиумите на СДСМ и на Сорос веќе објавија дека еден од приведените е Здравко Савески од Левица. На фотографијата може да се забележи токму Савески со запалка во рацете пред канцеларијата на претседателот Иванов на скопски „Рекорд“.
Според „Прес 24“ утврден е идентитетот и на уште две лица од протестите на 16.4.2016 година што ја оштетувале Порта Македонија. Станува збор за лицата А.Г (22) и С.С.К. (31).
Доставена е информацијата до СВР Скопје, од нивна страна е извршена консултација со обвинител, а по утврдување на изворот на фотографиите ќе се преземат мерки за поднесување соодветен поднесок до ОЈО.
Утрово медиумите под контрола на Сорос и на СДСМ објавија информација дека за дел од лицата е побарана мерка притвор. Од Кривичниот суд за „Прес 24“ велат дека до овој момент, до нив не е пристигнато ниту едно барање за притвор ниту, пак, кое било од лицата е доведено на распит пред судија на претходна постапка.
Дел од повиканите лица може да се видат и на ова видео како ја демолираат канцеларијата на претседателот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)