Две лица од Скопје се пријавени за исчезнати во последните 24 часа.
Првата пријава во ПС Чаир пристигнала вчера во 15,30 часот, кога Ј.Ј.(41) од Скопје, пријавил дека на 22 април во 19,00 часот од непознати причини од дома во непознат правец се оддалечил неговиот брат Ј.Х.(33).
Ноќва во 00,10 часот во ПС„Кисела Вода“, пак, Д.К.(32) од с.Добри Дол-Скопје, пријавил дека неколку часа претходно, 19,00 часот, од непознати причини од дома во непознат правец се оддалечил З.М.(59) од с.Сопиште-Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на двете лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.