| четврток, 6 декември 2018 |

Гордана Винчиќ: Уметноста направи алхемичарка од мене!

Пре­ку умет­но­ста ја со­ста­ву­вам сво­ја­та лич­на жи­вот­на сло­жу­вал­ка и по­тоа се­то тоа го спо­де­лу­вам со си­те, автен­тич­но и не­се­бич­но. Ме над­гра­ду­ва од гла­ва до пе­ти­ци, мо­е­то фи­зич­ко те­ло, мо­јот дух и мо­ја­та свест, ве­ли Вин­чиќ

По­втор­но ќе из­ло­жу­ва­те во Скоп­је, овој пат во га­ле­ри­ја­та „Остен“. Кол­ку де­ла се из­ло­же­ни и ка­ко е нас­ло­ве­на из­лож­ба­та?

Вин­чиќ: Да, по­втор­но из­лож­ба во Скоп­је. Овој пат е са­мо­стој­на, мо­ја из­лож­ба во га­ле­ри­ја­та „Остен“. Из­лож­ба­та е про­даж­на и на неа ќе мо­же да се ви­дат три­е­сет де­ла. Де­сет од нив се ве­ќе сопс­тве­ност на „Остен“ и ќе вле­зат ка­ко дел од ко­лек­ци­ја­та за 70-го­диш­ни­на­та на „Остен“, ко­ја ќе се прос­ла­ву­ва со 70 умет­нич­ки ма­пи, ме­ѓу кои ќе би­де и мо­ја­та ток­му со тие де­сет де­ла. Зна­чи, са­ма­та из­лож­ба ќе би­де во­ед­но и про­мо­ци­ја на мо­ја­та умет­нич­ка ма­па.

Ова е це­ли­от кон­цепт на из­лож­ба­та со име „Ин­ту­и­тив­на ис­по­вед“: Ин­ту­и­ци­ја­та е све­та. Таа спо­ју­ва со се­моќ­на­та си­ла на кре­а­то­рот и на не­о­гра­ни­че­ни­те бла­женс­тва на рај­ски­те гра­ди­ни. Са­мо­ос­тва­ру­ва­ње­то е воз­мож­но са­мо пре­ку ин­ту­и­тив­на ис­по­вед. А што е тоа ин­ту­и­ци­ја? Таа е ти­вки­от глас, по­тис­на­ти­те чув­ства и на­ши­от дух за­ро­бен ка­ко во вол­шеб­на лам­ба. Ин­ту­и­ци­ја­та е ду­хот што ги ис­пол­ну­ва си­те жел­би.

Не­при­јат­ни­те чув­ства што уште од де­ца ги та­ло­жи­ме ја огра­ни­чу­ва­ат ин­ту­и­ци­ја­та. За да ја ос­ло­бо­ди­ме таа нај­моќ­на си­ла во нас, тре­ба ис­по­вед. Ед­но од нај­важ­ни­те по­тис­на­ти чув­ства се жел­ба­та за еро­ти­ка и за ин­ти­ма. Де­ка се по­тис­на­ти, зна­е­ме пре­ку чув­ство­то на љу­бо­мо­ра, агре­сив­ност, страв и на вна­тре­шен не­мир. Не е лес­но.. но приз­нај пред се­бе што чув­ству­ваш, приз­нај го исто­то и пред тво­е­то бо­жес­тво и пред си­те, ќе би­деш сло­бо­ден и си­те твои жел­би ќе би­дат ис­пол­не­ти.

Си­те мои де­ла се соз­да­де­ни во мо­мент на ин­ту­и­тив­на ис­по­вед при ко­ја ги ос­ло­бо­ду­вам мо­и­те по­тис­на­ти емо­ции. Тие ос­ло­бо­де­ни про­ник­ну­ва­ат и се чув­ству­ва­ат во ли­ко­ви­те. Спо­де­лу­вај­ќи го искус­тво­то са­кам да го пот­тик­нам гле­да­чот сам да се освр­не кон сво­и­те чув­ства. Ду­ри и кон тие нај­за­бра­не­ти­те, ка­ко што се жел­ба­та за до­ми­ни­ра­ње, жел­ба­та за по­ли­га­ми­ја.. та­ка се ста­ну­ва хе­рој!

„Ин­ту­и­ци­ја­та да­ва пог­лед кон над­вор и пог­лед кон вна­тре. Таа сла­ви во гра­ди­на­та на вол­шеб­ни­те мож­но­сти ка­ко да се ви­стин­ски” – Карл Јунг.

 

Gordana-Vincic-kult189-2

 

Ка­ко дој­де до со­ра­бо­тка­та со га­ле­ри­ја­та „Остен“?

Вин­чиќ: До­ро­ти Пач­ко­ва, ко­ја е вра­бо­те­на ка­ко арт ку­ра­тор во „Остен“ и е дел од про­фе­си­о­нал­ни­от тим, ги за­бе­ле­жи мо­и­те мно­гу­број­ни де­ла на со­ци­јал­на­та мре­жа „Фејс­бук“ и кон­та­кти­ра­ше со ме­не со цел да ме по­ка­ни на би­е­на­ле­то на цр­те­жи, кое го ор­га­ни­зи­ра­ат. Таа неј­зи­на по­ра­ка бе­ше пр­ви­от че­кор на со­ра­бо­тка­та со Остен, кои ка­ко тим се мош­не про­фе­си­о­нал­ни ка­ко ин­сти­ту­ци­ја, ко­ја не са­мо што со­ра­бо­ту­ва, про­мо­ви­ра и под­др­жу­ва до­маш­ни умет­ни­ци, ту­ку и умет­ни­ци од це­ли­от свет. Оду­ше­ве­на сум од нив­на­та про­фе­си­о­нал­ност, ко­ја е на свет­ско ни­во.

 

Ми­на­та­та из­лож­ба Ви бе­ше нас­ло­ве­на „Але­ксан­дар и се­дум­те ка­пии на Скоп­је“. Ка­ко се нас­ло­ве­ни овој пат де­ла­та и што Ви бе­ше инс­пи­ра­ци­ја?

Вин­чиќ: Си­те де­ла го но­сат нас­ло­вот „Ин­ту­и­тив­на ис­по­вед“, ка­ко и са­ма­та из­лож­ба. Инс­пи­ра­ци­ја ми бе­ше та­инс­тве­ни­от про­цес на са­мо­ос­тва­ру­ва­ње, ста­ну­ва­ње хе­рој или хе­ро­и­на. Тој про­цес не­ми­нов­но прет­ста­ву­ва и ин­ди­ви­ду­а­ли­за­ци­ја на са­ма­та лич­ност, ос­ло­бо­ду­ва­ње од пре­дра­су­ди, дог­ми и од срам… Фе­но­ме­нот срам ги пра­ви и ба­ри­е­ри­те и преч­ки­те што нѐ спре­чу­ва­ат во са­мо­ос­тва­ру­ва­ње­то. Та­бу­а­та, во ос­но­ва, се ба­зи­ра­ат на сра­мот, тој не доз­во­лу­ва ужи­ва­ње во на­ши­от жи­во­тен пат кон са­мо­ос­тва­ру­ва­ње­то. Вло­жив огром­на енер­ги­ја во овие де­ла и за мно­гу кус вре­мен­ски рок, им­пул­сив­но, ин­ту­и­тив­но и но­се­на од емо­ции, тво­рев, ос­ло­бо­ду­вај­ќи се по­сте­пе­но од сра­мот и од та­бу­а­та. Во фо­ку­сот ми беа автен­тич­ни­те емо­ции и екс­пре­сив­на­та тех­ни­ка на цр­теж ка­де што го наг­ла­су­вам чув­ство­то на до­пир. Фи­зич­ки и ду­хо­вен до­пир. Ми­на­та­та из­лож­ба по­тсе­ту­ва на оваа спо­ред кон­цеп­тот, но се ра­бо­те­ше за Але­ксан­дар ка­ко лич­ност и за не­го­во­то са­мо­ос­тва­ру­ва­ње ка­ко хе­рој.

 

По­тек­ну­ва­те од умет­нич­ко се­мејс­тво. Што прет­ста­ву­ва за Вас умет­но­ста? Ка­ко ја до­жи­ву­ва­те?

Вин­чиќ: Точ­но, мај­ка ми Ма­ри­ја Вин­чиќ е та­лен­ти­ран умет­ник, ко­ја по­ра­ди се­мејс­тво­то ги ста­ви умет­но­ста и сво­јот та­лент во втор план. Но, јас од неа впи­вав ка­ко сун­ѓер сѐ што мо­жев да на­у­чам. Се­то неј­зи­но зна­е­ње. Кол­ку мно­гу и кол­ку са­мо тех­ни­ки на­у­чив од неа уште ка­ко де­те на нај­ма­ла во­зраст. За ме­не умет­но­ста е пре­дус­лов за по­сто­е­ње, таа, спо­ред ме­не, е ос­нов­но средс­тво за са­мо­ос­тва­ру­ва­ње на се­кој чо­век. Ова го мис­лам за си­те, а не са­мо за умет­ни­ци­те. А ко­га ве­лам умет­ност, мис­лам и на му­зи­ка, и на те­а­тар, по­е­зи­ја… Умет­но­ста ми по­ма­га да ја со­ста­вам сво­ја­та лич­на жи­вот­на сло­жу­вал­ка и автен­тич­но и не­се­бич­но да го спо­де­лам со си­те се­то тоа. Ме над­гра­ду­ва од гла­ва­та до пе­ти­ци­те, мо­е­то фи­зич­ко те­ло, мо­јот дух и мо­ја­та свест. Умет­но­ста на­пра­ви ал­хе­ми­чар­ка од ме­не!

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
(Текст објавен во 189. број на неделникот „Република“, 15.04.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top