Во галеријата „Остен“ денеска напладне премиерно ќе биде прикажан филмот за Виктор Вазарели. Во соработка со амбасадата на Унгарија, филмот е добиен од архивите на Националната телевизија на Унгарија во Будимпешта. Во него уметникот зборува за себе и за своите дела, а прикажани се и многу документарни податоци за неговиот живот и творештво.
– Според моето мислење, очите претставуваат еден од најважните органи на човечкото тело. Другите, на пример ушите, се разбира имаат, исто така, големо значење во нашето секојдневно опстојување, но, сепак, очите се единствен орган на визуелната перцепција. За жал, никој не помислува на многу битниот факт, дека очите се лишени од правото да ја забележуваат и прифатат убавината на минатото и на сегашноста. Тоа значи дека самите уметници, уште многу одамна, започнаа војна против сѐ што претставува поим за убавина и, се разбира, естетика… (Виктор Вазарели – извадок од филмот)
Повторна проекција на филмот ќе има во 14 и во 16 часот.
Со проекцијата на портрет филмот на Виктор Вазарели се затвора изложбата „Виктор Вазарели“ во галеријата „Остен“, организирана во соработка со Делегацијата на Европската унија, Амбасадата на Унгарија, Францускиот институт и Македонски телеком.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура