| четврток, 6 декември 2018 |

„Пипл“ ја прогласи Гвинтер Палтроу за најубава жена на светот

Списанието „Пипл“ ја прогласи актерката Гвинет Палтроу за најубава жена на светот. Четириесетгодишната актерка ги победи Џенифер Лоренс (22) и Аманда Сејфред (27) и ѝ ја одзеде титулата на Бијонсе (31). Но, неколку часа откако беше објавена наградата, критичарите почнаа со напади на „Твитер“.

гвинет палтроу

– Ако е Гвинет Палтроу најубава жена на светот, тогаш јас сум десеткратен освојувач на златен медал на Олимписки игри во боб и пилот на борбениот авион во „Топ Ган“ – напишал еден од критичарите.

Други, пак, сметаат дека таа е престара за таа титула.

Гвинет Палтроу ја доби титулата откако прво ја доби титулата „најомразена позната личност во Холивуд“ во списанието „Стар“. Читетелите ја обвинија дека е арогантна, ги иритира луѓето со своите совети. Таа има совети за сѐ – од како да готвите до како да се облечете. Иако на црвениот тепих ја гледаме во прекрасно издание од кое застанува здивот, таа дома сака да шета во кратки пантолони и со фатена коса во опавче.

Палтроу тренира петпати во неделата со приватен инструктор и има посебен режим на исхрана.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top