| четврток, 6 декември 2018 |

Прогноза за мај: Април ќе си замине со невреме, мај ќе дојде со пролетна температура

Во Македонија денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Поинтензивни врнежи се очекуваат во североисточните, источните и југоисточните предели, каде што локално може да наврнат и преку 20 литри дожд. Ќе дува доумерен засилен југозападен и јужен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринската температура ќе се движи од 3 до 12 степени, додека, пак, максималната дневна температура ќе достигне до 9 односно до 20 степени.

Proletni fotografii (14)

Во Скопје во вторник умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд, ветровито и посвежо. Врнежите се очекуваат да започнат во попладневните часови. Ќе дува умерен јужен и југозападен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна до 17 степени.

Утре во раните утрински часови ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и ветровито, а на височина над 1.000 метри ќе провејува слаб снег. Попладне ќе има разведрување. Утринската температура ќе се движи од -2 до 7, а дневната од 8 до 18 степени. Студено утро нѐ очекува и в среда со утринска температура од -3 до 6 степени. Во текот на денот ќе биде сончево и потопло со максимална температура која ќе достигне до 12, однсоно до 22 степени.

В четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло со пораст на температурата, како на утринската така и на дневната температура – утринската ќе се движи од 0 до 9 степени, а дневната од 14 до 24 степени.

Последните два дена од месецов ќе бидат студени. В сабота ќе има невреме со грмотевици, но в недела, на Велгден следува разведурување и максимална температура до 22 степена.

vremeto vo maj

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top