| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ му пресуди на Ефес, но и на Дуда Ивковиќ (видео)

duda-ivkovic-pero-antic

Антиќ и Фенербахче денес го поразија тимот на Ефес во турското првенство со 73-69, а легендарниот тренер на клупата на Ефес, Ивковиќ е ослободен од обрските кон клубот.

Перо Антиќ заедно со Диксон беа најефикасни со по 15 поени, а Богдановиќ додаде 14 поени.

Ефес остана на првата позиција на табелата, но остана и без Душан Дуда Ивковиќ кој беше принуден да го напушти клубот.

Лошото издание на Ефес во Евролигата е главната причина, се чини како раководството на клубот да чекаше и на најмала грешка на српскиот тренер, а Ивковиќ по отказот истакна дека не можел повеќе да работи со управата на Ефес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top