| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајловски: СДСМ нема кампања, знае само за насилство

СДСМ треба да се појави на изборите на 5 јуни. Тие тераат кампања без проекти, немаат ниту програма. Единствената програма им е насилство, секој со секого да се скара. Ќе изгубат многу на избори и за тоа се свесни, затоа бараат начин како да дојдат во Владата и дел веќе се во Владата.

vlado-misajlovski1

Ова во вестите на Сител го истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

-Опозиција со министри во Владата што е парадокс. Тие министери не одат во Владата на комисии, на седници, туку гледаат како да направат раздор меѓу сите институции и да вработат партиски активисти, но не да има проекти. Сакаат да заглавиме со сè, истакна Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top