
Завршија пет натпревари од 35. коло во италијанската Серија А.
Вториот ден од викендот во Серија А започна со дуел меѓу два „давеника“. Фросиноне го пречека Палермо кој оствари победа на ова гостување од 0-2 и така го премина денешниот ривал на 18. место на табелата.
Двата гола беа постигнати во второто полувреме. Најпрво Џилардино погоди за водство, а вториот гол беше дело на нашиот фудбалер во редовите на Палермо, Александар Трајковски ги постави конечните 0-2.
Во Џенова, Сампдорија со 2-1 славеше над Лацио, а интересно е што победникот го пресуди гол-технологијата.
Поведоа гостите од Рим уште во третата минута со голот на српскиот фудбалер Филип Ѓорѓевиќ.
Сепак, домашната екипа се врати во игра после дваесетина минути, Фернандо беше прецизен за израмнување на резултатот.
Во второто полувреме Сампдорија стигна до целосен резултатски пресврт на натпреварот по една гужва пред голот на Лацио, Диаките успеа да постигне гол, а со помош на гол-технологијата судијата потврди дека погодокот е регуларен.
Резултати:
Интер – Удинезе 2-1 (одигран вчера)
Фрозиноне – Палермо 0-2
Болоња – Џенова 2-0
Сампдорија – Лацио 2-1
Торино – Сасуоло 1-3
Аталанта – Киево 1-0
Фиорентина – Јувентус 20:45 ч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


