| четврток, 6 декември 2018 |

Јана и јас не смееме надвор, никој ова да не го доживее

Зоран Марјановиќ, сопруг на убиената пејачка, Јелена Марјановиќ ја отвори душата и откри што најмногу го мачи од убиството, како на Јана и објаснил дека ја нема повеќе мајка и и како се носи со медиумскиот притисок и константното нагледување на неговата куќа во Борча.
zoran-jelena3-620x350-52164
-Ужасно е ова што се случува. Не можам никаде да излезам од куќава. Оние кои би требало први да побараат од Бога прошка за нивните гревови, тие први најдоа да ми судат. Тоа е ужасно. Да не му го посакаш ниту на најголемиот непријател, вели Марјановиќ.

За изјавите дека убиецот ќе биде уапсен во наредните денови, кратко одговори:

-Не се мешам во работата на полицијата. Посветен сум и на Јана 24 часа дневно. Се обидуваме да ја адаптираме на се што се случува околу неа, на загубата на мјката. Зборува за неа често и тоа е нормално. Нормално е да зборува за својата мајка, вели Марјановиќ за Блиц и додава дека ја однел во игротека. Ќе полуди дома. Цел ден сме таму. Не можеме да излеземе – истакнува Марјановиќ, кој веднаш по пронаоѓањето на безживотното тело на Јелена на 3 април, помина 48 часа во притвор.

Таткото на Зоран, Владимир бил дополнително навреден од текстовите во одредени медиуми, каде неговата сопруга е наречена „гатачка“.

-Зборуваат дека е гатачка. Дека гата, гледа на карти. Таа не знае ниту да ги држи. Таа е чиста, каква што ја даде Бог. Ова што ни прават да не даде Господ никому. За моите години, колку што ги имам, не паметам дека за некого пишувале како што пишуваат за нас, вели Владимир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top