Пари Сен Жермен го освои францускиот Лига куп, откако синоќа во финалето на „Паркот на Принцовите“ во Париз го совлада Лил со 2-1.
ПСЖ поведе во 40. минута со голот на Хавиер Пасторе, но брзо на почетокот од второто полувреме со одлично изведен слободен удар изедначи Џибрил Сидибе во 49. минута. Решавачкиот гол го постигна Ди Марија во 74. минута.
ПСЖ во последните дваесетина минути играа со фудбалер помалку, откако Рабио доби втор жолт картон во 70.минута.
За ПСЖ ова е шести трофеј во Лига купот, а втор оваа сезона откако си ја обезбеди шампионската титула во домашната Лига 1. За трет трофеј ќе има шанса да се бори на 21. мај, во финалето од Купот на Франција против Олимпик Марсеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)