| четврток, 6 декември 2018 |

Оклахома на победа до полуфинале, Индијана му израмни на Торонто (видео)

ind-tor-george-derozan

Синоќа се одиграа четири натпревари од првата рунда на плејофот во НБА лигата – тензично во Тексас, Хорнетс конечно победија, Портланд не се предава, а Индијана израмни пред да се врати серијата во Канада.

Шарлот Хорнетс стигнаа до првата плејоф победа после 14 години пост. Екипата од Северна Каролина славеше над Мајами со 96-80 и намали на 1-2 во плејоф серијата со „жешките“.

Одлучувачка беше одлуката на тренерот Клифорд, откако реши да го послуша сопственикот на Хорнетс, легендарниот Мајкл Џордан, како и неговиот помошник тренер Патрик Јуинг, уште едно легендарно кошаркарско име – тој му даде поголема минутажа на младиот центар Франк Камински. А рукито целосно ја искористи шансата и ја оправда довербата, постигна 15 поени, од кои 9 во одлучната серија од 18-0 во третата четвртина.

Кемба Вокер постигна 17 поени, додека добра партија пружи и Марвин Вилијамс со 12 поени и 14 скокови.

Кај Мајами најефикасни беа Вејд со 17 поени, Вајтсајд 13 поени и 18 скокови, Драгиќ постигна 11 поени, но Мајами имаа лош процент на шут, 34.2%, а промашија и 11 слободни фрлања.

Четвртиот натпревар се игра повторно во Северна Каролина, во понеделник.

 

Во Тексас, Далас ја намачи Оклахома, Кевин Дурант беше исклучен од игра, имаше многу тензија на мечот, но сепак победата им припадна на гостинскиот тим, веќе водат со 3-1 и имаат голема шанса уште во следниот меч да се пласираат во конференциското полуфинале.

Расел Вестбрук заврши со дабл-дабл учинок, постигна 25 поени и имаше 15 асистенции. Одлична игра прикажа и Енес Кантер, немаа домаќините решение за него, кој постигна личен рекорд во својата плејоф кариера – постигна 28 поени, со одличен процент на реализација, погоди 12 од 13 шутеви.

Дамка на натпреварот остави Кевин Дурант, кој намерно го удри Џастин Андерсон во лице и заработи исклучување во последната минута.

Кај Далас најпрецизен беше Новицки со 28 поени.

 

Портланд не се предава, му намали на Клиперс, Демијен Лилард одигра многу подобро отколку во првите два натпревари во Лос Анѓелес. Постигна 32 поени, МекКолум додаде 27, а Блејзерс покажаа дека нема лесно да се предадат во оваа серија.

Кај Клиперс најрасположен беше Пол со 26 поени, но немаше адекватна помош од соиграчите.

Со оваа победа Портланд ја прекина црната серија од пет порази во низа од Клиперс, рачунајќи ги и дуелите од регуларниот дел на сезоната. Во понеделник ќе се одигра четвртиот натпревар, втор во Орегон.

 

Во првиот натпревар вечерта, Индијана го израмни резултатот против Торонто на 2-2, што го прави овој дуел дефинитивно најинтересен од првата рунда на плејофот.

Торонто повторно не беше на препознатливото ниво, посебно се мисли на ударната двојка на тимот, Кајл Лори постигна 12 поени со катстрофален процент на шут од игра (4-12), а Дероузан имаше скромни 8 поени со уште покатстрофален процент на шут од игра (4-15).

Индијана славеше со 100-83. Хил постигна 20 поени, а Пол Џорџ имаше 19.

 

Резултати:

Индијана – Торонто  100-83 (2-2)
Шарлот – Мајами  96-80 (1-2)
Далас – Оклахома  108-119 (1-3)
Портланд – Клиперс  96-88 (1-2)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top