Суперјахта би требало да биде долга 107 метри и моментално е во концептуална фаза.
Таа не е обична суперјахта. Туку рактично своевиден рај на земјата, резервиран само за оние со најдлабок џеб, врвот за оние 1 процент луѓе со најмногу пари на светот.
Оваа суперјахта би требало да биде долга 107 метри и моментално е во концептуална фаза, а ако компанијата „Океан“ најде некој кој ќе ја плати, тоа ќе биде најголемата и најлуксузна јахта на светот.
Апартманот на сопственикот, ВИП кабините и уште шест соби ќе им овозможат на 18 луѓе да спијат и уживаат во исклучителен луксуз и комфор.
Тука секако се и теретаната и малиот хелиодром под кој ќе има, ни помалку ни повеќе, туку водопад кој ќе се излева во еден од двата базени кои ги има јахтата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.