| четврток, 6 декември 2018 |

Сити го прегази Стоук, Њукасл извади бод во Ливерпул (видео)

man-city-iheanacho-aguero

Денес се одиграа четири натпревари ви рамки на 35. коло во англиската Премиер лига.

Екипата на Стоук си помина непријатно во Манчестер на воведниот натпревар од колото, каде Сити на домашниот „Етихад“ убедливо славеше со 4-0.

„Граѓаните“ поведоа во 35. минута со голот на Фернанд. Бразилецот одлично се снајде со глава по нафрлената топка од Навас.

Две минути пред полувремето Кун Агуеро ја зголеми предноста на Сити од белата точка, со што стигна до својот 23 гол сезонава во Премиер лигата.

Во вториот дел главна улога имаше Келечи Ихеначо. Нигерискиот фудбалер во периодот од 64. до 74. минута постигна два гола за конечни 4-0.

Манчестер Сити со оваа победа повторно го премина Арсенал и се врати на третото место на табелата кое директно води во Лига на Шампиони, но „топџиите“ утре играат со Сандерленд и се во позиција повторно да се вратат на третото место.

Интересно беше и на „Енфилд“ каде домашниот Ливерпул прокоцка два гола предност против „давеникот“ Њукасл.

Ливерпул поведоа уште во 2. минута со голот на Стариџ, а 30 минути подоцна Адам Лалан со прекрасен гол зголеми на 2-0 и тука се чинеше дека победникот е решен.

Но, Рафа Бенитез ја „украде“ победата на својот поранешен клуб, во второто полувреме Сисе и Колбек постигнаа голови за Њукасл за конечни 2-2.

Челси славеше над Борнмаут со 4-1. Стрелци за „сините“ беа Педро (5. минута), Азар (34.,90.), и Вилијан (71.). Единствениот гол за гостите го постигна Елфик во 36. минута.

Во четвртиот натпревар Астон Вила загуби дома од Саутемптон со 2-4.

Утре играат:

Сандерленд – Арсенал
Лестер – Свонси

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top