| четврток, 6 декември 2018 |

Герис во очај дели совети како да се сквернават спомениците и институциите

upatstvo za boja

Плус инфо вечерва објави упатство за тоа како да се направат балони со боја кои хулиганите ги користат за уништување на спомениците и институциите. СДСМ со платениците на Сорос, на Канвас, Беса, во агонијата од безуспешниот обид да го сврти вниманието кон себе, по вртоглавиот пад на рејтингот на Заев и на партијата, се насочи кон деструкција, напади, боење на институциите и сквернавење на спомениците. По се послабиот одзив на граѓаните, по прочитаните делувања за деструкција на Канвас, за тоа се повикани платеници од соседсните држави, а во функција се ставени и медиумските платеници. Дури и за вакви очајни упатства, за балон-бомби, објавено од порталот на Герис вечерва.

geros_thumb_medium500_281

Во хулиганството, нападот на полицијата, кршењето на прозорците и уништувањето на спомениците и разните државни и приватни објекти, крадење, палење и уништување на инвентарот во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија, сквернавењето на Порта Македонија, фрлањето боја и прашок за перење во фонтаната на Александар Македонски, „бомбардирање“ со боја на зградите на Министерството за култура, Владата на Република Македонија, Агенцијата за медиуми, лавовите на мостот „Гоце Делчев“,споменикот на АСНОМ и др, на протестите организирани од невладините на Сорос и СДСМ, учествуваат високи фукционери и членови на СДСМ.

Дека зад протестите стојат платеници на СДСМ и на СОРОС, иако се сака да се прикаже дека се спонтани, а организацијата не е никаде регистрирана, говорат и СМС пораките кои се препраќаат, за тоа каде и кога да се почне, каде и како да се „нападне“.

poraka protesti Со уништувањето и сквернавењето СДСМ директно удри врз илинденците, децата бегалци, асномците, бранителите,комитите, спортистите. Ваквото деструктивно однесување на СДСМ е уште една потврда во низата дека наместо на демократски начин преку избори и понудена програма со проекти за граѓаните, СДСМ со насилство се обидува да дојде на власт.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top