Илјадници луѓе протестираат денеска во градот Хановер пред посетата на американскиот претседател Барак Обама, кој утре пристигнува во Германија.
Според полициски извори во Хановер каде се демонстрира против договорот за слободна трговија меѓу САД и ЕУ протестираат над 20 илјади луѓе, а на транспарентите, кои што ги носат демонстрантите најчеста порака е “Да ние можеме – Запрете го ТТИП“.
Според последните анкети над 57 отсто од Германците се противат на договорот формално наречен „Трансатланското трговско и инвестициско партнерство“ (ТТИП) .
Поддржувачите на ТТИП сметаат дека договорот ќе го зајакне бизнисот во време кога глобалната економија се соочува со проблеми, а критичарите сметаат дека со него ќе бидат нарушени правата на потрошувачите и стандардите за заштите на животната средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.