| четврток, 6 декември 2018 |

Политичката криза врши силен притисок врз економијата (видео)

pesevski-kanal5Продолжувањето на кризата и кај граѓаните и кај инвеститорите создава чувство на несигурност и ја успорува економијата, посочи вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски во вестите на Канал 5.

-Колку и да се трудиме во Владата, економскиот тим, изминатиот период задржавме стабилност и економски раст, но продолжувањето на кризата не може да оди во недоглед. Неодењето во Виена всушност значи и одлагање на денот на постигнување на некакво решение, а тоа значи дека ефектите врз економијата постепено ќе почнат да стануваат негативни. Ние, како што најави и гувернерот Богов, раст проектираме дека ќе имаме, но тој успорува и ако продолжи кризата може да имаме негативни стапки на раст. Одлагањето на овие разговори всушност значи продолжување на економската несигурност, а можно е и негативни ефекти врз економијата- вели Пешевски.

Економкиот тим во владата одржува редовни средби со странските инвеститори, со цел шпосочување дека владата и институциите продолжуваат да се грижат за компаниите.

-Мислам дека успеавме да им упатиме порака дека состојбата е стабилна, дека треба да се продолжи, дека граѓаните, политиката, Владата и сите чинители сакаат оие инвеститори да останат во Македонија, сега за сега нема ниту една најава дека некој од нив ќе си оди и она што е најважно е дека оние кои во изминатите 12 месеци најавија дека ќе дојдат во Македонија продолжуваат со нивните планови. Навистина напорно работиме токму на тоа, да дојдат оние кои ја донесоа веќе својата одлука, бидејќи тоа се новите работни места и реално што му треба на македонскиот граѓанин- потенцираше вицепремиерот Пешевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top