Атанас Кировски, директорот на Телма телевизија, која отворено застанува на страната на СДСМ учествува и на нивните протести. Оваа фотографија и видеото се од вчерашните протести пред Агенцијата за медиуми, која беше каменувана и исквернавена со бои.
Со ова се потврдува дека регулацијата на медиуми која ја бара лидерот на СДСМ Зоран Заев е само измислено барање зад кое се крие стравот од избори и соочување со народот, а Кировски, кој е облечен во маица „СЈО“, дејствува како продолжена рака на СДСМ. Со тоа тој покажа дека е на целосно располагање на опозицијата.
Директорот на Телма воедно ја има и командната улога во уредувачката политика на телевизија, што значи дека човекот кој раководи со телевизијата и ги уредува вестите, директно учествува во протестите организирани од СДСМ и невладините на Сорос, кои често завршуваат со судири со полицијата и насилство врз институциите.
Се очекува и реакција од Канцеларијата на Европската унија, но и од организациите кои се залагаат за независност на медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.