| четврток, 6 декември 2018 |

Минус три на полувремето, вардарци немаат решение за цврстата одбрана на Веспрем

Vardar Visla  (7) (Custom)

По првиот дел од натпреварот во Скопје меѓу Вардар и Веспрем во рамките од четвртфиналето од Лигата на шампиони, „црвено-црниот“ состав има негатива од три гола. (9-12)
Црвстата одбрана на Унгарците е решението на шпанскиот тренер на клупата на Веспрем, Хавиер Сабате кој одлично ја има прочитано играта на Вардар.

На голот блеска Хрвататот Мирко Алиловиќ со дури десет одбрани од кои осум од чисти позиции за вардарци.
Во составот на Вардар нема расположен играч кој може да ја разбие одбраната бидејќи од бековските позиции само Сергеј Горбок има два гола.

Тренерот на Вардар Раул Гонзалес се обиде со неколку измени да го најде решението во нападот, но спората игра пред на Лука Циндриќ не вроди со плод, по што беше повлечен од игра без некаква конретна реализација.

Се до 18.минута кога Вардар имаше предност од 7-6 се играше гол за гол освен почетното водство на вардарци од 2-0. Од тогаш па се до крајот на полувремето македонскиот шампион постигна само два гола и тоа едниот во самиот финиш од мечот, во последната секунда преку Игор Карачиќ.

ВО второто полувреме Вардар треба да ја забрза играта и да создаде позиции за гол преку брзи контранапади, но и да ја премости последната пречка меѓу статитивите на унгарците, Мирко Алиловиќ кој има фенонемален натпревар до сега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top