| четврток, 6 декември 2018 |

Пријател на семејството на Јелена раскажал неверојатни детали, полицијата го има убиецот во раце?

Сосема нов тек доби истрагата за убиството на српската пејачка Јелена Марјановиќ, по сведочењето на човекот кој се јавил во полицијата и раскажал неверојатни детали за односите во семејството на Марјановиќ, пишуваат српските медиуми.

-Да бидеме прецизни, станува збор за некои емотивни односи внатре во семејството Марјановиќ кои може да доведат до трагичен епилог – изјавил овој човек.

Тој иснистирал да остане анонимен, а на полиција и раскажал некои „мрачни детали“ на семејството кои може да бидат клучни во пронаоѓање на убиецот.

Како што пишуваат медиумите тој го поминал полиграфот кој покажал дека ја говори вистината.

Тој наводно се претставил како пријател на семејството кој многу добро знае што се случува таму. Инспекторите внимателно го ислушале, а тоа што тој го кажал ги шокирало.

Како што се дознава, станува збор за многу деликатни прашања.

-Ако се соберат сите изјави и се склопат тие коцки, станува јасен мотивот за убиството. По сведочењето, кругот е затворен. Полицијата не сака ништо да препушти на случајот – изјавил соговорникот на медиумот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top