| четврток, 6 декември 2018 |

Град во кој платата е 1.200 евра, киријата 15 евра, нема криминал и нема полиција

Мариналеда е градче во Андалузија, на југот од Шпанија на кој на површина од 25 квадратни километри живеат 2.700 жители. Додека невработеноста во Шпанија е 27 отсто, овде нема невработени. Има големо побарување за населување во градот, така што има листа на чекање, а се чека и по две години.

Досега се изградени 350 куќи, а во следните две треба да се изградат уште 250.

Просечната плата е 1.200 евра месечно, киријата е 15 евра.

Градот на жителите им обезбедува бесплатен интернет. Има два фудбалски терени, кошаркарско игралиште, терен за тенис, сквош, одбојка и базен. Сите се бесплатни за користење, освен за базенот каде што се плаќа едногодишна карта.

Градот има своја телевизија и радио-канали, а неодамна гостинка била ќерката на Че Гевара.

Нема полиција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top