| четврток, 6 декември 2018 |

Да се биде или не, Вардар во трет обид да стигне до фајнал-фор турнирот во Лигата на шампионите

Vardar Visla  (19) (Custom)

Македонскиот шампион и најдобриот ракометен колектив од нашата држава екипата на РК Вардар трета година по ред ќе игра во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Откако во претходните два обиди речиси за влакно им избега пласманот на завршниот турнир меѓу четирите најдобри клубови од Европа, по елиминациите од Фленсбург и Кјелце, оваа сезона на патот до ракометниот крем стои унгарскиот тим Веспрем.

Иако на хартија важи за фаворит, Веспрем е добро позната екипа бидејќи „црвено-црниот“ табор имаше можност во рок од една година да одигра дури пет натпревари со денешниот противник.

Vardar Visla  (15) (Custom)

Првиот натпревар од овој двомеч се игра во СЦ „Јане Сандански“ и како и секогаш домот на вардарци ќе биде претесен да ги прими сите љубители и навивачи на скопскиот тим.

Од стручниот штаб и ракометерите најавуваат беспоштедна битка во текот на сите 60 минути, а секако и голема борба во реваншот за седум дена во Унгарија.

Пред почетокот на дуелот кој започнува денеска во 16 часот, тренерот Раул Гонзалес посакува победа по секоја цела, макар и со еден гол разлика. Потоа како што најави на прес-конференцијата притисокот ќе се префрли кај Веспрем и со тоа се гледа шанса за првпат во македонската ракометна историја еден македонски машки состав да се пласира меѓу четирите најдобри екипи на стариот континент.

vardar-wisla-260316-1

Управата на клубот органзиира заедничко гледање на мечот со сите оние симпатизери кои неможеа да стигнат до билет во салата. На платото пред „Јане Сандански“ веќе е поставен голем видеобим и дополнителни штандови за храна и пијалоци со сите посетители.

На три часа пред почетокот на мечот веќе неколку стотици граѓани се упатуваат кон населбата Аеродром со цел да бидат дел од овој голем спектакл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top