Екипите на Сан Антонио и Кливленд се многу блиску до пласман во второ коло во НБА плејофот откако синоќа остварија гостински победи и сега веќе водат со 3-0 во серијата.
„Мамузите“ немаа проблеми во првиот меч на гости кај Мемфис и славеше со 96-87 во меч во кој блескаше Кавај Ленард. Иако најдобар дефанзивец во лигата, тој покажа дека одлично се снаоѓа и во нападот, па постигна 32 поени со седум скока и има најголема заслуга за победата. Кај Мемфис, прв стрелец беше Зек Рендолф со 20 поени, но повторно слаба беше помошта од соиграчите. Ако триумфираат и в недела во четвртиот меч, Сан Антонио ќе стигнат до деветтата “метла” во плеј офот во својата историја, трета против Мемфис.
Бостон на крилјата на 42 поени на Ајзеа Томас славеше против Атланта со 111-103 и намали во серијата на 2-1. Сега, Томас е еден од ретките кошаркари во историјата на Бостон кои успеале да ја надминат границата од 40 поени во плеј оф натпревар. Тука се уште: Реј Ален, Лери Бирд, Џон Хавличек, Сем Џонс, Реџи Луис, Пол Пирс, Реџон Рондо и Џо Џо Вајт.Следниот меч истотака се игра во Бостон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)