| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал: Германија повлекува 630 илјади автомобили

Германски производители на автомобили ќе повлечат 630 илјади автомобили од европскиот пазар поради нерегуларности во врска со емисијата на издувни гасови, јави агенцијата „АФП“.

Како што владин извор изјавил за „АФП“, станува збор за 630.000 автомобили од типот „ауди“, „мерцедес“, „опел“, „порше“ и „фолксфаген“, поради неправилности во вредностите на емисијата на издувните гасови.

Герамнските производители се решиле на таков потег по истрагата која била покрената по откривање на скандалот со автомобилите на компанијата „Фолксфаген“ а со кој беше откриено лажирање на нивото на издувни гасови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top