| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во „Саса“ – загина рудар

sasaРудар загинал во несреќа што се случила во рудникот за олово и за цинк „Саса“ кај Македонска Каменица, информираат од МВР.

Според првичните информации, несреќата се случила во околу 3 часот по полноќ. Неофицијално, од засега непознати причини, 27-годишниот Даниел В. го загубил животот додека ги извршувал работните обврски во рударската јама. Полициски екипи во моментот вршат увид во рудникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top