Муса Љамалари, претставник на албанската дијаспора вчера отворено призна дека се среќавал со Заев, разговарале за федерализација и по таа средба помалите албански партии излегле на улица за да го поддржат Заев да нема избори.
– Ние имаме барања, но ние сме дијаспора и не можеме да одлучуваме. Сите знаат дека јас сум за федерализација, се разбира, тоа не го кријам, имав средба со Заев, му ја искажав поддршката, а гледајте потоа, овие новите албански партии се приклучија на протестите – рече Љамалари, пренесува „Телма“.
Протестот за денеска го подготвувааат организации на поранешни борци на ОНА, на политички осуденици, невладини организации и партиите. Протестот планирано е да почне во 14 часот на Бит-пазар, а да заврши пред Собранието.
Заев, исто така, добива поддршка и од движењето Беса, формирано со една единствена цел -ширење на радикалниот ислам и на неговата селефистичка идиеологија, пишуваше порталот „Журнал“.
„Беса како партија ги промовира идеите за радикален и политички ислам во Македонија. Поради страв дека нема да бидат прифатени од албанскиот електорат кон кого се насочени, се формираат како партија која во својата основа го има албанскиот национализам“, пишува порталот.
Ставовите на СДСМ и на Беса веќе подолг период се совпаѓаат. Целите на Беса се: промена на Уставот на Македонија и формирање двонационална држава со официјализирање на албанскиот јазик на државно ниво, за што Зоран Заев отворено зборува во интервју за косовска телевизија – доколку би дошол на власт, би го официјализирал албанскиот јазик на целата територија на државата, со што би го вовел уште во основните училишта. За ваквото зближување на Беса и СДСМ се користат блиските врски и контакти на „експертите” Мерсел Биљали и Ким Мехмети со Зоран Заев и Стево Пендаровски.
За денеска во 14 часот, непосредно по најголемата молитва – џума на блокади и протести низ Скопје излегуваат и ветераните на УЧК. Познавачите коментираат дека сите овие протести имаат конечна цел редефинирање на Македонија.
– Во овој контекст е и радикализацијата на ветераните на УЧК, што преку т.н. движење БЕСА ќе треба да се покажат со сета жестина и во петок на митинг во Скопје, како и заканите на албанскиот премиер Еди Рама дека „без редефинирање на Охридскиот договор и подобра позиција на Албанците во Македонија Албанија ќе го блокира влезот на Македонија во НАТО – смета новинарот Бобан Нонковиќ.
На изминатите неколку протести хулиганите предводени од СДСМ и Сорос удрија врз македонските полицајци со камења, тврди предмети, бетонски плочки и факели.
Уништена беше Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, но, исто така, и зградата на Министерството за правда, осквернавена беше Портата Македонија, спомениците во паркот Жена-борец. СДСМ не се огради ниту од срамните навреди кои нивни активистки им ги порачаа на полицајците „Куманово да ви се деси“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)