| четврток, 6 декември 2018 |

Како да направите детоксикација на организмот преку стапала?

stapala

„Хелт ливинг хаус“ велат дека нашето  тело лесно може да го ослободиме од отровите кои се наталожиле со текот на времето, и тоа преку стапалата на лесен и ефикасен начин.

Постојат неколку видови за детокс преку стапала кои вклучуваат домашен метод е електричен со специјални кадички.

Прочистување со детокс-влошки за стапала

Овие специјални влошки за стапала се направени од екстракти добиени од бамбусово дрво, а во светот може да се купат во речиси секоја продавница за здрава храна.

Овие детокс-влошки уште се познати како детокс-лепенки за нозе, а доаѓаат од јапонската култура и се многу едноставни за употреба.

Главно, овие влошки се применуваат пред спиење, а се отстрануваат наутро. Овие влошки, наводно, ги отстрануваат сите токисни од телото преку ноќта, и затоа се за еднократна употреба.

Луѓето кои ги користат овие детокс-влошки велат дека следниот ден се чувствуваат многу подобро, не чувствуваат замор, имаат помалку болки во зглобовите и имаат помалку главоболки.

Детокс-када за стапала и како фунционира

Јонските кадички за нозе се користат за детоксикација на телото со вадење на токсините преку стапалата. Оваа бања функционира со електричен метод кој произведува позитивни и негативни јони во топла вода со сол.

Јонската детоксикација функционира со јонизирање на топло-солената вода со наизменичен поларитет, додека вие удобно седите и се релаксирате.

Вашето тело постепено ќе започне да ги отпушта токсините преку стапалата во рок од половина час додека трае третманот.

Овие токсини обично произлегуваат од нездравата исхрана богата со заситени масти, но и токсини кои ги вдишуваме од загадениот воздух.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top