Предупредување: Вознемирувачка фотографија
Откако келнер на социјалните мрежи сподели морничава фотографија наводно снимена во неговата кујна, сопствениците на кинески ресторан во Италија се обвинети дека послужиле човечки стапала, пишува „Дејли мејл“.
Гостите во ресторанот во Падова сакале да го пробаат кинескиот специјалитет – шепи од мечка, а келнерот, чие име не е познато, во кујната на ресторанот го сликал она то наводно им го послужил.
На фотографијата се гледаат две парчиња на месо, кои изгледаат како делови на човечки нозе, а келнерот тврди дека станува збор за шепи од мечка, кои им ги пуслужил на еден Словенец и на неговите пријатели.
Откако фотографијата се проширила по социјалните мрежи, ресторанот е пријавен на надлежните власти.
Полицијата и инспекцијата пронашле 24 килограми месо и смрзната риба од сомнително потекло. Покрај тоа, ресторанот не се придржувал до стандардите на чистота. Фрижидерот, подовите и печката биле во целосен неред, а дел од намирниците биле со поминат рок на траење.
Форензичарите ја погледнале фотографијата и потврдиле дека на прв поглед изгледа дека станува збор за човечки стапала, но истрагата е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.